Нов пресврт на „Олд Трафорд“: Карик заминува пред големото дерби!
Раководството на клубот планира да го искористи репрезентативниот прекин за да назначи нов тренер, со дербито на 22 ноември како рок.

Манчестер Јунајтед по се изгледа ќе се раздели со Мајкл Карик пред големото дерби со Ливерпул, и покрај два драматични успеси што на момент ја спасија тренерската позиција.
Карик го водеше тимот до 3:2 против Рома во Лигата на шампионите, по што Јунајтед стигна до пресврт и победа иако беше во негатива до 83. минута, а во Премиер лигата неговиот состав ремизираше 4:4 со Астон Вила откако успеа да ја намали разликата и да се врати, но потоа прими гол во втората минута од судиското продолжение. Сепак, овие моменти не ги решија подлабоките проблеми во клубот.
Клубот очекува промена за време на репрезентативната пауза
„Црвените ѓаволи“ и понатаму се во зоната за испаѓање во Премиер лигата — имаат само осум бода и една победа по десет одиграни кола. Според најновите информации, раководството го смета заминувањето на Карик за прашање на време и планира да ја искористи двонеделната репрезентативна пауза за да назначи нов менаџер пред дерби натпреварот со Ливерпул на 22 ноември.
Како главни кандидати за тренерското место на Олд Трафорд се наводно селекторот на репрезентацијата на САД, Маурисио Почетино, поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, и досегашниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман. Во британските медиуми се споменуваше и Унаи Емери, но моментално неговото заминување од Астон Вила се смета за малку веројатно.
Карик ја презеде екипата на почетокот на годинава како привремено решение по разделбата со Рубен Аморим. Брзите успеси — победи против Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Челси — му донесоа долгорочен договор, а минатата сезона тимот заврши на третото место и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Но, оваа сезона падот е очигледен: поразите со 1:4 од Комо во ЛШ и 0:3 од Борнмут на Олд Трафорд крајот на октомври ги зголемија шпекулациите за неговата иднина.
По заминувањата на Рубен Аморим и Тен Хаг, Карик би можел да биде третиот менаџер во краток период кој не успеал да го стабилизира клубот, и покрај довербата и поддршката од ИНЕОС и малцинскиот сопственик Сер Џим Ретклиф. Како и да се развиваат настаните, на Олд Трафорд претстојат бурни денови и на тренерски и на сопственички план.
Фото: Manchester Utd (X)


