Почетна
Спорт

Нов удар за Барселона: Хави Еспарт повреден, Флик остана без уште еден дефанзивец

ФК Барселона потврди синдромезис повреда на десниот глужд и проценето отсуство од приближно седум недели.

·Спорт
Нов удар за Барселона: Хави Еспарт повреден, Флик остана без уште еден дефанзивец

Барселона претрпе 1:2 пораз од Реал Мадрид на „Камп Ноу“, каде што Килијан Мбапе постигна два гола, а Рафиња намали за каталонскиот тим. По негативниот резултат се прекина серијата од девет последователни првенствени победи, а проблемите за тренерот Ханси Флик се зголемуваат.

Младиот десен бек Хави Еспарт мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме поради повреда на зглобот. По утринските лекарски прегледи и според репорти во медиумите, неговото отсуство првично се проценува на околу два месеца, што би значело дека враќањето би можело да се случи кон крајот на декември или евентуално на почетокот на 2027 година, доколку опоравувањето се пролонгира.

Соопштение од клубот

Клубската медицинска служба објави официјално соопштение за повредата: "Извршените прегледи потврдија дека Хави Еспарт има повреда на синдесмозата на десниот глужд како последица на трауматска акција со противнички играч за време на натпреварот против Реал Мадрид. Проценетото време на отсуство е приближно седум недели."

Проценката во соопштението на клубот (околу седум недели) е малку пократка од првичните медиумски проценки од околу два месеца, но и во двата случаи станува збор за значително отсуство кое ќе го ослаби изборот во одбраната.

Оваа повреда е дополнение кон веќе постоечката листа на повредени дефанзивци: покрај Еспарт, надвор од стројот се и Ерик Гарсија, Жил Кунде и Андреас Кристенсен. Состојбата значително го стеснува изборот на Флик.

Во моментов на располагање за позициите во одбраната се Пау Кубарси, Жерар Мартин, Жоао Кансело и Алехандро Балде. Тренерот ќе мора да направи тактички и ротациски прилагодувања додека тимот се обидува да се опорави од двата последователни порази.

Фото: ФЦ Барселона\/Твитер

Поврзани написи