Нови преговори: емисари на Трамп презентираа предлози пред Путин и Зеленски
По шестмесечна пауза, преговари меѓу Москва и Киев на кои беа презентирани предлози за престанок на војната и економска соработка.

По приближно шестмесечна пауза и по интензивирањето на судирите, нова дипломатска иницијатива се обиде да отвори пат за мир меѓу Русија и Украина. Емисарите на Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, прво престојуваа во Москва, а потоа патуваа во Киев, каде остварија средби со Владимир Путин и Володимир Зеленски и изложија идеи за завршување на војната која почна во 2022 година.
Јури Ушаков, советник на претседателот на Русија, изјави: „Американските претставници беа целосно подготвени за ова патување. Тие не само што го повторија својот интерес за брзо прекинување на воените дејствија, туку претставија и низа идеи за можни начини за постигнување решение на конфликтот. "
Прекин на нападите и економски теми
Извори наведуваат дека разговорите не беа ограничени само на воените прашања — на маса се нашле и економски теми и потенцијални руски и американски проекти од заеднички интерес. Претходно, Путин и Зеленски прифатија прекин на нападите врз главните градови на двете држави во период од три дена за да се осигура безбедноста на американската делегација.
Во својот настап, Владимир Путин рече: „Ситуацијата која ќе ја разгледаме секако не е лесна. Пред да почнеме, би сакал да му изразам благодарност на амењриканскито пртетседател Доналд Трамп. Тој разбира дека се впушта во сложена ситуација."
По средбата во Москва, американските пратеници отпатуваа за Киев — не со авион, туку со воз, што е прва посета на главните преговарачи на Доналд Трамп на украинската престолнина. Володимир Зеленски го најави својот став пред разговорите: „Нашата цел е да придонесеме за побрзо завршување на војната. Мирот е неопходен. Неопходни се и безбедносни гаранции, како и достоинствен и одржлив мир по завршувањето на војната. Нашите предлози се подготвени. "
Експертите изразуваат сомнеж дека новата серија преговори ќе ги промени позициите на Москва. Нина Кушева, професорка по меѓународни односи на Универзитетот во Њујорк, предупредува: „Ниту САД, ниту било кој друг може да направи голем притисок врз Рускиот претседател. Тоа всушност е и проблемот, со што можете да извршите притисок врз Москва. Има илјадници санции, се заробуваат бродови од тајната поморска флота . Путин нема да се откаже, знае што сака и ќе се бори за да го добие тоа. САД не можат да направи многу. Мислам дека Русија очекува од Белата Куќа да изврши поголем притисок врз Зеленски и можеби затоа Виткоф и Кушнер одат во Киев, да извршат поголем притисок врз Зеленски. "
Додека траат средбите, војната продолжува на други фронтови: во последната серија ракетни напади беа погодени десетина цели во Запорожје, а украинската армија возврати со напади врз Белгород. Големиот број жртви, ослабените економии, и оштетената инфраструктура, заедно со претстојните избори во Русија и повиците за избори во Украина, би можеле да го зголемат притисокот врз двете страни да најдат начин за ставање крај на конфликтот.
Фото: прес-материјал од настанот


