Почетна
Македонија

Обвинение за девет полицајци од Велес по убиството на Росица Коцева

Обвинителството ги товари службениците за Злоупотреба на службената положба и овластување и Неизвршување на судска одлука; наводни пропусти во периодот 21.02–15.09.2025.

·Македонија
Обвинение за девет полицајци од Велес по убиството на Росица Коцева

Во велешкиот случај со Росица Коцева е поднесено обвинение против девет полициски службеници, поради настаните што завршија со нејзината смрт. Коцева беше убиена од нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски минатото септември во нејзиниот дом во Велес. Обвинетите се гонат за Злоупотреба на службената положба и овластување и Неизвршување на судска одлука.

Наодите на обвинителството

Според обвинението, утврдено е дека полициските службеници во периодот од 21 февруари до 15 септември 2025 година, со неизвршување на својата службена должност, тешко ги повредиле правата на сега почината Росица Коцева, вклучувајќи го и уставното загарантирано право на живот, како и правата предвидени од Европската конвенција за човекови права.

Обвинителството наведува дека службениците не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство, согласно законите и правилниците. Дури и откако биле изречени судски мерки за заштита на жртвата, полицијата не ги спровела итните мерки за нејзина заштита.

Дополнително, во обвинението се вели дека не го известиле надлежниот јавен обвинител за да добијат понатамошни насоки за постапување, а докази биле чувани во просториите на велешката полиција без да биде покрената никаква постапка.

Стефановски во крвавиот пир прво го уби таткото на Росица, потоа неа, по што и самиот си пресуди.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи