Почетна
Македонија

Од 20 октомври 2026 до 20 јануари 2027: пензионерите со бенефициран стаж треба да одлучат дали остануваат во вториот столб

Членовите кои имаат бенефициран стаж имаат рок од 20 октомври 2026 до 20 јануари 2027 да поднесат писмена изјава за продолжување на членството во вториот столб.

·Македонија
Од 20 октомври 2026 до 20 јануари 2027: пензионерите со бенефициран стаж треба да одлучат дали остануваат во вториот столб

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) информира дека членовите на задолжителните пензиски фондови кои имаат остварено бенефициран стаж за намалување на старосната граница за најмалку една година имаат ограничен рок да одлучат дали ќе останат во вториот, капитално-финансиран столб.

Според МАПАС, изборот треба да се изрази со писмена изјава и се врши од утре (20 октомви 2026) до најдоцна 20 јануари 2027 година. Ако членот не достави писмена изјава за продолжување на членството до 20 јануари 2027 година, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе му престане.

Последици ако не се даде изјава

По престанувањето на членството, пензиското друштво ќе го пренесе вкупниот износ од индивидуалните сметки на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ). Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување ќе останат осигурени само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност и од таму ќе го остварат правото на пензија.

МАПАС појаснува дека лицата кои во претходните години веќе доставиле изјава за продолжување на членство не треба повторно да ја доставуваат – нивното продолжување останува валидно.

На веб-страницата на МАПАС е објавен образецот и дополнителни упатства за Изјавата за продолжување на членство. Членовите кои имаат прашања се советуваат да се обратат до своето пензиско друштво или директно до МАПАС пред истекот на рокот, 20 јануари 2027 година.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи