Почетна
Македонија

Од 22 септември: силен северен ветер и значителен пад на температурите

Попоски: ветарот ќе достигнува преку 60 км/ч, дневните температури ќе паднат за над 10 степени; можни први утрински мразеви.

·Македонија
Од 22 септември: силен северен ветер и значителен пад на температурите

Од вторник, 22 септември, на територијата на Македонија ќе пристигне значително поладен воздух од север, кој ќе донесе силен северен ветер и пад на температурите, изјави метеорологот Славчо Попоски.

Попоски предупреди дека ветерот од север ќе биде силен и повремено локално ќе достигнува брзина и над 60 км/час, а дневните максимуми ќе се намалат за повеќе од 10 степени во однос на сегашните вредности.

Поматени утриња и можни први мразеви на планините

„ Овој ладен продор од север ќе биде релативно сув и без некои врнежи, освен во понеделник (21 септември) во попладневните и во вечерните часови кога ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд.

Веќе од вторник (22 септември) па во деновите потоа утрата ќе бидат многу посвежи па дури и релативно ладни со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени. На повисоките населени места и на планините температурите може да бидат уште пониски, а на планинските врвови тие ќе се спуштат и под нулата. Не се исклучува можноста во овој период да се појават и првите утрински мразеви во Македонија за оваа сезона, особено на повисоките населени места и на планините.

Многу пониски ќе бидат и максималните дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Да напоменам дека овие температури кои се очекуваат од вторник (22 септември) па во деновите потоа ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Ова значи дека ни доаѓа вистинската есен од вторник (22 септември) во Македонија“. вели тој.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи