Почетна
Македонија

Од 546 договори за дело само 268 поднеле извештај, кажаа на судењето против поранешната градоначалничка Теута Арифи

На рочиштето беше кажано дека повремени договори за 182 лица биле склучувани без огласи, а оштетувањето се проценува на 9.375.200 денари.

·Македонија
Од 546 договори за дело само 268 поднеле извештај, кажаа на судењето против поранешната градоначалничка Теута Арифи

На третото рочиште во Основниот суд во Тетово беше кажано дека од вкупно 546 договори за дело, само 268 лица поднеле извештај за ангажманот, а судењето против поранешната градоначалничка Теута Арифи продолжи со нови сведоштва.

Обвинение, сведоштва и ревизорски извештаи

Во обвинителниот предлог стои дека во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како службено лице – градоначалничка на Општина Тетово, Арифи ги пречекорила границите на своето службено овластување со цел да прибави за други значителна имотна корист во износ од 9.375.200 денари. Обвинението наведува дека таа, без објавување јавен оглас во дневниот печат и во други средства за информирање, како и без објавување во службата надлежна за посредување при вработување, склучила договори за извршување повремени и привремени работи со 182 лица, без истите да бидат вклучени во организираниот процес на работа кај работодавачот.

На денешното рочиште сведочеа три лица што имале потпишано договори за дело на период од шест месеци. Тие изјавија дека им биле исплатувани минимални хонорари и дека, иако во договорите било наведено дека се ангажирани во Службата за односи со јавноста или во Секторот за информатика, реално извршувале сосема други работи.

Судот ги сослуша и трите вешти лица кои направиле ревизија на работењето на Општината во врска со договорите за дело за периодот од јануари до декември 2011 година. Резултатите од таа ревизија беа внесени во записникот и презентирани пред судот.

Судењето ќе продолжи со дополнителни докази и сослушувања. Судот закажа натамошни процесни дејствија додека странките ги подготвуваат одговорите на ревизорските извештаи и на дадените изјави.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи