Почетна
Македонија

Од садница до трпеза: Преспанското јаболко под притисок

Овоштари предупредуваат дека доцните мразеви, град и ниски откупни цени ја загрозуваат традицијата и приходите во Преспа.

·Македонија
Од садница до трпеза: Преспанското јаболко под притисок

За Преспа јаболкото не е само земјоделска гранка туку начин на живот: од подигање на насад до првиот полн род минуваат години, а едно производство може да ја храни фамилијата децении.

Две генерации, години грижа

„Самиот почеток е 5 до 7 години дури овошката да стигне до полн род на јаболка, а овошката трае отприлика 35 години дава род. Буквално потребни се две генерации во едно семејство за одгледување на јаболката, да ги покријат трошоците во производството, да можат да ги покријат личните трошоци,“ вели Љубе Пампулевски, овоштар.

Овоштарите го опишуваат работниот циклус како непрекинат: зимска резидба и ѓубрење, подготовка за цветање, потоа месеци заштита, наводнување и разредување пред октомвриската берба. Клучни се временските услови во периодот на цветањето и опрашувањето од пчелите.

„Она што земјоделците го прават е  зимската резидба, зимското ѓубрење, подготовката на овошките за пролетта, за цветањето. Условите временски се многу важни во опрашувањето на јаболковиот цвет од страна на пчелите, коишто колку има подобри услови, толку ќе биде заврзувањето на плодот подобро. И почнуваме со заштита, наводнување, дополнително  ѓубрење, чистење на ластари, разредување на јаболката… Потоа е период на чистење ластари веќе јуни, јули,  наводнување, заштита, сè до берба во октомври,“ додава Пампѕулевски.

Климatsките промени во последните години донесоа доцни пролетни мразеви и градови кои го уништуваат родот. „Изминатите години, заради климатските промени, заради доцните пролетни мразеви имавме десеткувано производство, така и оваа година, за жал. Ќе потенцирам, максималните можности и капацитети, производителите и овоштарите во Преспа без проблем во идеални услови можат да постигнат над 200.000 тони производство. Оваа година, за жал, заради тоа што го спомнав претходно, имаме очекуван род од 50 до 60 илјади тони,“ додава Љубе Пампулевски.

Но дури и кога има род, производителите се соочуваат со пласман и цени: „Во моментот цената на индустриското јаболко е 4 денари, таа не задоволува бидејќи минатата година цената беше 8 до 10 денари. Во текот на пролетта, во месец мај беше 8 денари.Почетната цена не ги исполнува очекувањата на овоштарите, којашта е 4 денари, и нас ни е потребна поддршка од државата во секој случај. Трпезното јаболко се движи во моментот околу 25 денари за прва и екстра класа од сортите Златен, Црвен Делишес, Муцу и така натаму, есенските сорти Гала, Ајдаред и така натаму.Во овој случај, во моментот имаме во најава тешка сезона со продажбата на јаболкото, и покрај малиот род,“ вели Пампулевски.

Производителите исто така повикуваат на радикална промена кон поодржливи практики за заштита на Преспанското езеро и чувствителните земјишта: „За спас на Преспанкото езеро, но и заштита на почвите и воздухот, потребна е радикална промена во начинот на поизводство на пресанкото јаболко. Во таа носка потребни се современи и добри земјоделски практики. Целата е употреба на помалку песдициид и вода, но задржување на приносите а со тоа и егизстенцијата на локалното население.“

Од садница до трпеза, преспанското јаболко носи приказна за семејства, традиција и една гранка што сега е на испит поради климата и пазарните притисоци.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи