Почетна
Македонија

Од утре почнува учебната година: 433 паралелки помалку и 148 празни училишни објекти

За 238 илјади ученици почнува наставата; 14.952 првачиња и 16.932 први години средно, а системот бележи 433 укинати паралелки и 148 празни училишни објекти.

·Македонија
Од утре почнува учебната година: 433 паралелки помалку и 148 празни училишни објекти

Од утре за околу 238 илјади ученици во земјава почнува новата учебна година; 14 952 деца ќе седнат во прво одделение, а 16 932 ученици се запишани во прва година средно образование.

Во образовниот систем годинава ќе има 433 паралелки помалку — 222 во основното и 211 во средното образование. Поради немање запишани ученици привремено се затвораат 26 подрачни училишта, а вкупно 148 училишни објекти, претежно во рурални средини, остануваат празни, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес‑конференција.

„Училишната мрежа е оптимизирана и во голем број училишта значително се подобрени условите. Обезбедни се учебници за сите, а за учениците со посебни образовни потреби се ангажирани најмногу образовни асистенти досега – 1 358 во основното и 166 во средното образование“, кажа Јаневска.

Едносменска настава и реорганизација на паралелките

Од вкупно 1 023 централни и подрачни училишта, во 620 објекти ќе се спроведува едносменска настава. Според министерката, едносменскиот режим носи подобра концентрација на часовите, подобра социјализација и повеќе време за совладување на наставниот материјал и стекнување вештини.

„Тоа значи спојување на помалите паралеки една со друга или приклучување кон поголемите, со цел учениците да бидат во поголемо друштво, да можат подобро да се социјализираат и да се натрепваруваат. Не е тајна дека со години опстојуваа, на пример, две паралелки со по два ученика на иста возраст и во исто училиште. Сега таквите ги обединивме и затоа во образовниот систем годинава ќе имаме 433 паралеки помалку“, рече Јаневска.

Министерството нагласи дека во процесот на оптимизација ниту еден редовно вработен наставник не е отпуштен. За да се овозможи воведување едносменска настава, се доградуваат 14 училишта во општините Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Илинден, Гази Баба и Градско.

Фото: МИА

Поврзани написи