Од земја и од небо се гаси пожарот во подножјето на Пелистер
Ресенски и битолски пожарникари, тимови на ДЗС и армиски хеликоптер дејствуваат додека надлежните пријавуваат 13 пожари, од кои девет се уште активни.

Шумските пожари во подножјето на Пелистер и кај селото Градец во гостиварско Врапчиште се меѓу најкомплексните со кои се соочуваат екипите за гасење, а дејствува и од земја и од воздух.
Во гасењето вклучени повеќе тимови и техники
Ресенските и битолските пожарникари работат заедно со доброволци од повеќе градови и со пет тима на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) опремени со пинцгауери. Активен е армиски хеликоптер, кој подоцна ќе биде заменет со Ер тракторите, а денес во гасењето се приклучуваат и тимовите на „Ннационални шуми“.
Според официјалните информации, од утрово се регистрирани 13 пожари на отворен простор; девет се активни, а четири се под контрола.
Гори и на падините на планината Китка и Жеден, како и во Чашка, Боговиње и Македонски Брод. Под контрола е пожарот на територијата на Општина Гостивар кој се закануваше да се префрли кон селата во Поречието, како и пожарите на делчевската депонија и на територијата на Општина Македонски Брод.
Надлежните предупредуваат дека ризикот од пожари на отворено, и покрај неодамнешните врнежи, сè уште е висок; тоа го покажува системот МАКФИС кој ја следи состојбата со сувост на вегетацијата.
Огнен Чанчаревиќ
Фото: прес-материјал од настанот