Почетна
Спорт

Одбојкарите подготвени одат на Европско: Португалија и Израел се наша шанса

Селекторот Миленкоски и раководството ги претставија очекувањата — Португалија и Израел се нашиот главен фокус.

·Спорт
Одбојкарите подготвени одат на Европско: Португалија и Израел се наша шанса

Македонската машка одбојкарска репрезентација подготвено заминува за Софија, каде на 9 септември официјално ќе го започне настапот на Европското првенство — четврто учество на нашата селекција на континенталниот собир.

На денешната прес-конференција, пред последните два тренинг‑дена во Скопје, селекторот Јошко Миленкоски, капитенот Никола Ѓоргиев, искусниот Владо Милев и дебитантот Филип Јованов, заедно со раководството на Одбојкарската федерација на Македонија, ги соопштија очекувањата пред натпреварите во Бугарија.

Миленкоски: групата е навистина тешка, но Португалија и Израел се наш шансa

Селекторот Миленкоски не ги криеше целите, но и реалноста на предизвикот пред кој се наоѓа тимот.

„Ова е манифестација најголема во нашиот спорт во моментов каде што ќе продефилират најдобрите светски одбојкари, а репрезентациите се од самиот светски врв. Само да потсетам дека Полска, Бугарија и Украина се моментално меѓу првите 10 рангирани репрезентации на светската листа. Португалија и Израел се добро познати противници против кои сме играле, особено против Израел, но и тие се исто така од самиот врв на европската одбојка. На сите им е јасно дека играме во најтешката група на ова Европско првенство, меѓутоа во рамките на овие подготвки добро се подготвивме за добро представување на Европско првенство. Меѓутоа, искрени да бидеме и ние самите сме свестни дека првите три натпревари против Бугарија, Украина и Полска ќе ни бидат, можеби, подготвителни натпревари за она што следи – најважните натпревари против Португалија и Израел. Секако дека и против првите три ривали ние нема да се откажеме, ќе ја играме нашата најдобра игра, и достојно ќе ја преставиме нашата земја“,

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата на трибините во Софија.

„За нас четврто европско првенство, не е тоа наш успех и наш резултат, сепак е успех на целата држава и целата нација. Четвртипат македонската репрезентација настапува на Европско првенство, повторно сме во друштво на најдобрите, што е континутет кој трае веќе 8-10 години. Овој пат, групата во која се натпреваруваме е навистина силна, меѓутоа, и ние сме силни, затоа сме присутни на овоа Европско првенство. Дојдете да навиваме во Софија, дојдете во што поголем број, да покажеме колку сме на број“ , вели Јовановски.

Во прес‑конференцијата беше нагласено дека, покрај силните ривали, целта е да се одигра достоинствено и да се бараат шансови, особено во натпреварите против Португалија и Израел, кои селекцијата ги гледа како клучни во групата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи