Почетна
Спорт

Официјално: Герсон Родригес повеќе не е член на Вардар

Напаѓачот од Луксембург преку социјалните мрежи потврди дека клубот му издал слободни документи по инцидентот на гостувањето кај Струга ТЛ.

·Спорт
Официјално: Герсон Родригес повеќе не е член на Вардар

03.09.2026 16:07 — Како што самото беше објавено на неговите профили, Герсон Родригес повеќе не е член на актуелниот шампион ФК Вардар.

Ова доаѓа по големиот инцидент на гостувањето кај Струга ТЛ и последователната дисциплинска суспензија. По настанот, клубот одлучи да го отстрани напаѓачот од тимот и да му издаде слободни документи за заминување.

Според неофицијални информации, решавањето на статусот на Родригес во клубот изнесува 40.000 евра — бројка која засега не е официјално потврдена и може да биде демантирана.

Родригес, пак, во свој препознатлив стил објави „срцепарателни" пораки на социјалните мрежи во кои напиша дека се чувствува олеснето што ситуацијата е решена и дека ќе се обиде да најде мир во некој друг амбиент.

Без оглед на детали околу финансиските последици, тој дефинитивно ќе остане запаметен во клупската историја како едно од поголемите промашувања меѓу странските засилувања.

Претходно, Дисциплинската комисија при ФФМ пресуди дека црвениот картон за Лавал носи суспензија од три меча.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи