Официјално: Тиџани Рејндерс од Манчестер Сити во Ал Кадсија
Тиџани Рејндерс потпиша до јуни 2031 година и се пресели во Ал Кадсија за околу 61 милион евра.

На 19.08.2026 Манчестер Сити потврди дека Тиџани Рејндерс официјално премина во саудискиот клуб Ал Кадсија. Холандскиот репрезентативец, 28-годишен, потпиша договор до јуни 2031 година, соопшти клубот од Саудија.
Според англиските извештаи, сумата на трансферот изнесува околу 61 милион евра, што го прави Рејндерс втора најскапа продажба во историјата на Сити — по Хулијан Алварез, кој пред две години замина во Атлетико Мадрид за 75 милиони евра.
Кратка епизода во Англија
Рејндерс пристигна во Манчестер Сити минатото лето од Милан и во дресот на „граѓаните“ запиша вкупно 50 настапи и седум гола. И покрај учинокот, клубот решил да го продаде откако играчот не успеал да се наметне како лидер во средниот ред.
При заминувањето, Холанѓанецот упати благодарност до сите во клубот: "Неверојатна привилегија беше да играм за Манчестер Сити и уживав во секоја минута што ја поминав тука. Од моментот кога пристигнав, сите во клубот – играчи, тренери и персонал – ме натераа да се чувствувам добредојден и дел од семејството на Манчестер Сити ", рече Рејндерс.
Рејндерс имаше и посебна порака за навивачите: "Особено би сакал да им се заблагодарам на навивачите на Сити, кои ми дадоа мене и на моето семејство огромна поддршка. Да се биде дел од тимот што освои два толку важни трофеи минатата сезона беше неверојатно искуство и нешто што секогаш ќе го паметам", рече Рејндерс. Најавите велат дека тој ќе добива астрономска плата во Саудиска Арабија, што ја означува привремена пауза од сериозниот европски фудбал во неговата кариера.
Фото: прес-материјал од настанот