Почетна
Македонија

ОЈО: Тројца турски државјани осомничени за обид за убиство во Скопје

Јавното обвинителство го отвори случајот за напад со нож во стан на улица Прашка — двајца приведени, еден избега во Косово.

·Македонија
ОЈО: Тројца турски државјани осомничени за обид за убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Турција, кои како соизвршители учествувале во дејствија на кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Како се случил нападот

Според утврдените околности, едниот од осомничените, поранешен соизвршител, со дејствија на помагање ги довел другите двајца, им ја покажал точната локација и шифрата за влез на зграда на улицата „Прашка“, каде престојувале уште двајца турски државјани.

Осомничените влегле во станот и со повеќе убоди ножем со умисла се обиделе да го лишат од живот еден од оштетените. Другиот оштетен се обидувал да ги оттргне, но и тој бил повреден во раката.

Потоа сите тројца осомничени се обиделе веднаш да ја напуштат државата преку граничниот премин Блаце. Двајца биле запрени и приведени и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор.

Истрагата покажува дека помагачот успеал да избега во Косово. Надлежниот јавен обвинител предложи притвор од пронаоѓање и лишување од слобода, со цел за него да биде распишана меѓународна потерница.

Постапката е во тек и Обвинителството ќе продолжи со собирање докази и барање мерки за обезбедување на присуство и одговорност на осомничените.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи