Почетна
Спорт

ОК Работнички го освои „Чајка“ Супер Купот во женска конкуренција

Работнички Скопје победи Вардар со 3:0 и освои прв пат во историјата на клубот Чајка Супер Куп.

·Спорт
ОК Работнички го освои „Чајка“ Супер Купот во женска конкуренција

07.10.2026 22:20 — ОК Работнички е освојувач на „Чајка“ Супер Купот на Македонија 2026 во женска конкуренција откако со 3:0 (25:16, 25:23, 25:21) го победи тимот на ОК Вардар.

Добро отворање, затегнати следни сета

Работнички од стартот имаше сигурно отворање и убедливо го доби првиот сет, додека вардарките делуваа како да им е потребно дополнително време за да влезат во ритамот на натпреварот.

По водството од 1:0 во сетови, Вардар понуди значително посилен отпор и следните два сета беа неизвесни — со пресврти, тесни резултатски разлики и убави поени што ja држеа публиката во неизвесност.

Сепак, на крајот одбојкарките на Работнички предводени од МВП играчот Тамара Атанасова го задржаа темпото во клучните моменти и стигнаа до првиот Супер Куп во клупската историја.

Овој трофеј е значаен почеток на сезоната за Работнички и дава дополнителна самодоверба пред стартот на домашното првенство. ФОТО: ОФМ/Вангел Тануровски.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи