ОК Работнички се збогува со Милевска, Баталаковска, Ѓурѓевиќ и Балов
По шампионската сезона, клубот соопшти дека четири првотимки заминуваат пред новата сезона во која ќе има и европски настапи.

ОК Работнички се збогува со четири првотимки: Андротеа Милевска, Антонија Баталаковска, Ирма Ѓурѓевиќ и Јана Балов.
Одлуката за заминување беше соопштена по освоената шампионска титула и во пресрет на новата сезона, во која тимот ќе има и европски предизвици.
Четирите одбојкарки следната сезона ќе настапуваат во нови клубски средини и ќе се соочат со нови предизвици во продолжението на своите кариери.
„Од Работнички не заминувате само како наши поранешни одбојкарки – заминувате како дел од нашата шампионска приказна“, порачаа од клубот.
Клубот им посака многу здравје, успеси и нови победи на Милевска, Баталаковска, Ѓурѓевиќ и Балов и им се заблагодари за сè што направиле за Работнички.
Фото: прес-материјал од настанот


