Околу 500 училишта во Франција остануваат затворени по протестите
Едуар Жефре вели дека наставата е целосно или делумно прекината во 400–500 средни училишта и дека 24 се запалени или ограбени.

Околу 500 училишта ширум Франција остануваат затворени по низа судири меѓу полицијата и учениците, изјави францускиот министер за образование Едуар Жефре.
Жефре рече дека наставата е нарушена во стотици средни училишта откако властите ги окарактеризирале како небезбедни.
Протести низ големите градови, делумично насилство
„ Наставата е целосно или делумно прекината во околу 400 до 500 средни училишта бидејќи не се исполнети безбедносните услови. О д почетокот на протестите, 24 школи се запалени или ограбени“, кажа Жефре. Тој ги даде овие бројки откако протестите, кои почнаа минатата недела во Париз, се проширија и во други големи градови.
Илјадници ученици излегуваат на улиците барајќи подобри услови во образованието — од недостаток на наставници и пренатрупани училници до дотраени и небезбедни училишни објекти. Додека дел од маршевите останаа мирни, имаше и инциденти на вандализам и судири со полицијата.
Локалните власти сега ги разгледуваат условите за повторно отворање на училишта и кои објекти ќе останат затворени додека траат проверки и поправања.
Фото: АП)


