ОПЕК+ одлучи за зголемување на септемвриските квоти за нафта
Седум земји ќе го зголемат производството за 188.000 барели дневно — нешто повеќе од претходните месеци.

Членките на ОПЕК+ на денешниот онлајн состанок одлучија да ги зголемат квотите за производство на нафта за септември.
Седум земји на ОПЕК+ одлучија да спроведат адаптирање на производството од 188.000 барели дневно, што е малку поголема количина отколку во претходните месеци, се наведува во соопштението на ОПЕК+.
Кој е во составот на картелот
ОПЕК е формиран во 1960 година во Багдад, на иницијатива на Иран, Венецуела и Саудиска Арабија. Формалните членки на ОПЕК денес се Ангола, Екваторијална Гвинеја, Габон, Ирак, Иран, Кувајт, Либија, Нигерија, Конго, Саудиска Арабија и Венецуела.
Покрај формалните членки, 10 дополнителни земји извознички на нафта, предводени од Русија, го формираат картелот ОПЕК+ и од 2016 година соработуваат со ОПЕК при одредувањето на глобалните цени на суровата нафта. Членки на ОПЕК+ се: Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Казахстан, Малезија, Мексико, Оман, Јужен Судан и Судан.
Обединети Арапски Емирати кон крајот на април го суспендираа членството во ОПЕК и во ОПЕК+.
Фото: прес-материјал од настанот