Почетна
Македонија

Општина Карпош ги исклучи фонтаните за да спречи појава на комарци

Четири јавни фонтани на територијата на општината се привремено исклучени како дел од превентивните мерки и активности против вирусот на западнонилска треска.

·Македонија
Општина Карпош ги исклучи фонтаните за да спречи појава на комарци

Како превентивна мерка за намалување на застоената вода и спречување појава на ларви и комарци, Општина Карпош привремено ги исклучи четирите јавни фонтани на своја територија.

Кои фонтани се исклучени

Исклучени се фонтаните во населбата Бардовци, на плоштадот „Делфина“ во Влае, во Карпош 3 спроти „Тинекс“, како и фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“.

"Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители- велат од Опшрината."

Од општината апелираат до граѓаните да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје и ги повикуваат жителите на внимателност при користењето јавни простори додека траат превентивните активности.

Како дополнителна мерка за заштита, се советуваат индивидуални средства за одбегнување каснувања од комарци — производи за мачкање, спрееви и други комерцијално достапни средства — и следење на официјалните инструкции од здравствените власти.

Фото: Општина Карпош

Поврзани написи