Почетна
Свет

Општина Кечиорен во Анкара: 129 вработени потврдени позитивни на дрога, отворена истрага

Градоначалникот Месут Озарслан нареди доброволни тестови; 171 позитивни на почетокот, 129 потврдени и обвинителството отвори истрага.

·Свет
Општина Кечиорен во Анкара: 129 вработени потврдени позитивни на дрога, отворена истрага

Општина Кечиорен во Анкара се најде во центарот на скандал откако масовни тестирања меѓу вработените во администрацијата открија голем број позитивни резултати, а обвинителството во Анкара покрена формална истрага.

Градоначалникот Месут Озарслан иницираше тестови за присуство на опојни супстанци со образложение за зголемување на безбедноста на работното место и подобрување на стандардот на услуги. На почетниот доброволен скрининг 171 вработен добиле позитивни резултати.

Потврда и правни чекори

По повторните, детални испитувања, 42 од вработените кои беа позитивни на почетниот скрининг покажале негативни резултати, додека кај 129 беше потврдено присуство на наркотици.

Против 129-те потврдени позитивни вработени е покрената судска постапка под обвинение за набавка, поседување и консумирање на дрога, а предметот го води обвинителството во Анкара.

Инаку, дел од службениците кои одбија да бидат тестирани поднеле оставки или биле отпуштени од работа.

Фото: Haktanege09 / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Поврзани написи