Почетна
Македонија

Општина Штип: Лимитот од 20% за дополнителни работи надминат повеќекратно при изградба на спортската сала „Џексон“

ЦГК открива дека нов договор од околу 1,25 милиони евра за „дополнителни и непредвидени работи“ се покажа повисок од основниот договор и не ги разграничил јасно старите и новите работи.

·Македонија
Општина Штип: Лимитот од 20% за дополнителни работи надминат повеќекратно при изградба на спортската сала „Џексон“

Центарот за граѓански комуникации во студијата „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.3)“ утврдил дека лимитот од 20% за дополнителни и непредвидени работи бил повеќекратно надминат при изградбата на спортската сала „Џексон“ во Штип, со вкупна вредност околу 2,3 милиони евра.

Според анализата, првиот договор за изградба изнесувал околу 1,1 милион евра. Во договорот било предвидено дополнителните и непредвидените работи да не надминат 20% од неговата вредност, односно приближно 220.000 евра.

Новиот тендер ја презентираше работата како "дополнителна", но практично ја продолжи градбата

Во текот на градбата проектот бил изменет и, наместо анекс, Општина Штип објавила нов тендер насловен „Дополнителни и непредвидени работи за објектот“. На тој основ е склучен нов договор во вредност од околу 1,25 милиони евра со ДДВ — износ што е повисок од првиот основен договор.

ЦГК подвлекува дека вториот тендер не се однесувал на нова, одвоена градба или независен проект, туку на дополнителни и непредвидени работи на објект што веќе се градеше. Член 119 од Законот за јавни набавки јасно утврдува дека вредноста на непредвидените и дополнителните работи не смее да надмине 20% од основниот договор.

Истражувањето открива и дека спроведувањето на тендерот како отворена постапка овозможило само формална транспарентност. Тендерската документација не ги разграничи доволно веќе изведените од новопредвидените работи. Во моментот на распишување на вториот тендер, првиот договор сè уште не бил завршен; документацијата недостасувала јасно означување на веќе изведени позиции, состојба на градилиштето, рокови, начинот на воведување во работа, одговорности за веќе и за новите работи, разграничување на гаранциите помеѓу стар и нов изведувач, прашања за пристап на градилиштето, технички поврзувања со постојната градба и сл.

Како што беше очекувано, на вториот тендер пристигнала само една понуда — од „Сандра Инженеринг“ Скопје, иста фирма која веќе ја изведувала градбата. Од септември 2025 до јули 2026 таа фирма паралелно спроведувала два договори на ист објект, под ист надзор.

Центарот во извештајот го прикажува редоследот на постапките како заобиколување на законскиот лимит за дополнителни работи и како пример за слабости во процедурите кога проекти се менуваат за време на веќе започната градба.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи