Почетна
Македонија

Оризопроизводителите бараат откуп на арпата по утврдена производна цена – се жалат дека годинава ќе имаат многу помали приноси

Земјоделците велат дека мерката од 8 денари/кг не ја покрива штетата од ниските приноси.

·Македонија
Оризопроизводителите бараат откуп на арпата по утврдена производна цена – се жалат дека годинава ќе имаат многу помали приноси

Оризопроизводителите во кочанскиот регион бараат откуп на оризовата арпа по утврдена производна цена, откако оценуваат дека веста мерка од државата не ја решава нивната финансиска состојба по слабата година.

Над 80 отсто од површините под ориз во кочанскиот крај веќе се ожнеани, велат земјоделците. Владата денеска им соопшти дека ќе добијат дополнителна поддршка од 8 денари за килограм предадена оризова арпа за периодот од 1 септември лани до 15 септември годинава.

Производителите возвраќаат дека оваа еднократна помош не ги спасува и бараат фиксирана цена која покрива трошоци и обезбедува репродукција за следната година. Како што изјавија: „Ако зборам повеќе, ќе грешам, заради тоа што фала и на тоа, ама не нè спасува тоа. Нас нè спасува само реална цена да ни дадат, цена на коштање на кило арпа и за репродукција за наредна година да мислеме дали да се сее или да не се сее. Оваа ли мерка по 8 денари ли? – Малку е тоа госпоѓо. Робата што ја ожнеавме сега е по амбараите, никој не однел кило“.

Тие се жалат и на значително намалени приноси оваа сезона. „Жетвата е многу слаба, многу слаба. Нема по 300-350. Да, многу е слаба“, додаваат производителите.

Влада: средства обезбедени, откупувачите да постапуваат фер

Од Владата соопштија дека средствата за дополнителната мерка за оризопроизводителите се обезбедени од интервенциониот фонд на ресорното министерство и дел од ребалансот на буџетот. Испитувачите ги повикаа откупувачите да се однесуваат фер и ги предупредија дека во спротивно ќе имаат ригорозни казни. Годинава ориз се жнее на површина од околу 4.000 хектари.

Викторија Јованова

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи