Оштетени американски авиони при ирански напад на база „Муафак Салти“ во Јордан
Еден А-10 беше сериозно погоден и околу осум Ф-15 претрпеа полесни оштетувања додека Јордан пресретна 18 ракети.

Неколку американски воени авиони биле оштетени во синоќешниот ирански напад врз воздухопловната база „Муафак Салти“ во Јордан, а според јавни извештаи еден А-10 „Тандерболт“ бил толку тешко погоден што "останал без едно крило", додека околу осум авиони Ф-15 претрпеле полесни оштетувања.
Системите за одбрана одговорија, нема информации за загинати
Американските сили при нападот испукале повеќе од 30 ракети од системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Засега нема информации за загинати американски војници во нападот.
Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека извршила напади врз базите „Муафак Салти“ и „Принц Хасан“, кои ги користат американските сили.
Јорданската армија соопшти дека нејзините системи пресретнале 18 ирански балистички ракети, додека две ракети паднале во ненаселени подрачја.
За сега деталите за материјалната штета и евентуалниот оперативен ефект врз американските сили на овие бази се ограничени и чекаат потврда од официјални извори.
Фото: прес-материјал од настанот


