Почетна
Македонија

Пациенти евакуирани по пожар во ортопедија на ГОБ "8 Септември"

Наутро на 20 ноември 2026 избувна пожар во Одделението за ортопедија; сите пациенти се евакуирани и повредени нема.

·Македонија
Пациенти евакуирани по пожар во ортопедија на ГОБ "8 Септември"

Пожар утрово, на 20 ноември 2026 година, избувна во Одделението за ортопедија на Градската општа болница "8 Септември" во Скопје. Сите пациенти од одделот беа евакуирани, а повредени не се пријавени.

Интервенција и евакуација

Командирот на Противпожарната бригада Ѕвонко Томески изјави дека интервенцијата следувала по повик на бројот 112 и дека биле упатени четири возила до болницата.

„Добиен е повик преку 112 и веднаш се упатени 4 возила во болницата. Гореле инвалидски колички на тераса од болничка соба. Веднаш со противпожарните апарати се изгаснати. Значи, пожарот бил од количките, не се запалила никаква инсталација", вели Томески.

Од Противпожарната служба потврдија дека сите пациенти од Одделот за ортопедија биле евакуирани и дека нема повредени. Причината поради која се запалиле количките ќе ја утврди натамошната истрага.

Болницата започна со проверка на просториите за евентуална штета од чад и оган и ќе утврдува дали ќе биде потребно префрлање или поправка на собите.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи