Пациенти од Гостивар префрлени во Тетово поради загадена вода и проблеми со стерилизацијата
Тетовската клиничка болница ги прима пациентите од Гостивар 24 часа поради загадена вода и проблеми со стерилизацијата.

Пациенти од Гостивар кои имаат потреба од хируршки интервенции или треба да се породат се префрлаат во Клиничката болница во Тетово поради проблеми со водата за пиење во Гостивар.
Тетовската болница работи целосно 24 часа
Директорот на Тетовската клиничка болница Ерзан Елези вели дека болницата е отворена 24 часа и ги прима сите пациенти кај кои треба да се извршат посериозни хируршки интервенции.
„Во последниов период најмногу пациенти од Гостивар имаме на одделенијата за хирургија, ортопедија, гинекологија и урологија. Тоа се пациенти кои кај нас се праќаат за хируршки операции и пациентки кои треба да се породат. Ова е поради тоа што во Гостивар имаат некои проблеми со стерилизацијата и со загадената вода. Паради ова сите вакви пациенти ги праќаат кај нас во Тетовската болница. Ние тука сме целосно мобилизирани и им даваме помош на сите, а нашите операциони сали се отворени 24 часа за сите пациенти, па и за тие од Гостивар“, вели директорот Елези.
Според Елези, најголем дел од пациентите што доаѓаат од Гостивар се згрижуваат на одделенијата за хирургија, ортопедија, гинекологија и урологија — сектори кои опфаќаат и планирани и итни хируршки интервенции, како и породувања.
Болницата потенцира дека операционите сали и медицинските тимови се достапни цело деноноќие за да ги примат и згрижат пациентите упатени од Гостивар сѐ додека не се отстранат проблемите со стерилизацијата и водата за пиење.
Фото: СДК.МК)