Почетна
Свет

Пад на Антропик ја придвижи корекцијата во технолошките индекси по вториот ден од IPO-то

Цената на Антропик по еуфоричниот дебит падна на вториот ден додека инвеститорите се загрижени за приходите и трошоците за AI инфраструктура.

·Свет
Пад на Антропик ја придвижи корекцијата во технолошките индекси по вториот ден од IPO-то

По еуфоријата на првиот ден од излегувањето на берзите, цената на акциите на Антропик на затворањето од вториот ден бележеше силен пад, што се одрази на технолошките индекси ширум светот. Антропик е една од најголемите технолошки компании ангажирани во развојот на вештачката интелигенција и нејзиното излегување беше следено внимателно.

Падот се совпадна со објавувањето на квартални резултати кај повеќе тех-компании, кои разочараа инвеститорите. Тие покажуваат "многу големи капитални инвестиции во инфраструктурата за Вештачка интелигенција, но приходите заостануваат," а, како што изјави Францис Лун, извршен директор на Venturesmart Asia, "Сите тие забележаа негативен финансиски прилив."

Иако аналитичарите првите два дена ги оценија како успех за Антропик, варијациите во цените ги препишуваат на глобалната нестабилност. Производителите на чипови предводеа падот: Нвидиа изгуби 14 проценти, АМД и Марвел по 13 проценти, а Интел падна за речиси 8 проценти. Големите тех-игранти исто така забележаа корекции — Мета околу 6 проценти, Амазон околу 4 и Мајкрософт 3 проценти.

Скепса и пролонгирање на IPO-та

Експертите укажуваат дека овој глобален пад не е директно поврзан единствено со Антропик, туку со растечка скепса кај инвеститорите за целиот сектор поврзан со вештачката интелигенција. Поради ваквите услови, многу компании одлучија да ги одложат излезите на берзите за следната година; меѓу нив фигурира и ОпенАИ, за која се очекува дека ќе биде уште еден тест за апетитот на инвеститорите.

"Значи, купувајќи ја оваа кација вие велите дека очекувате оваа компанија да порасне во една од најпрофитабилните компании во целиот свет. Тоа може да се случи, но тоа зависи од многу работи," посочи Џеј Ритер од Универзитетот на Флорида.

Излегувањето на пазарот на Антропик останува историски момент за индустријата, но раната волатилност покажува како брзо перцепцијата на инвеститорите може да ги промени проценките, дури и за компании со големи очекувања при дебито.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи