Почетна
Македонија

Паднато дрво создаде „брана“ и откри масовно загадување на Вардар кај Јегуновце

Дрво што паднало во реката го задржа отпадот; општината го отстрани и постави камери за превенција.

·Македонија
Паднато дрво создаде „брана“ и откри масовно загадување на Вардар кај Јегуновце

Паднато дрво во коритото на реката Вардар кај Јегуновце формирало условно речено „брана“ и во неа се собрале големи количества пластика и друг фрлен отпад, велат локални власти и жители.

Истиот феномен — огромни количества отпад кои пловат по Вардар — претходно беше забележан два пати низ неколку тетовски села во есента 2025 година. Овојпат е познат непосредниот причинител: дрво што паднало и го запирало струењето, па сè што дошло надолу од фрлениот смет останало таму.

Општина Јегуновце интервенираше деновиве и отстрани дел од паднатото дрво за да се овозможи слободно движење на водата.

Апели и реакции од населението

„Апелирам до граѓаните и од Општина Јегуновце и до сите граѓани кои фрлаат или прават штетат на реката Вардар. Не прават само на Вардар, прават на сите населени места, на сите граѓани и затоа би апелирал ова да не се случува, затѕоа што секое домаќинство има канта“, вели Димитар Костадиновски –градоначалалник на Општина Јегуновце.

Жителите кои живеат близу реката велат дека главните причинители се несовесни поединци и потребата од поефикасно институционално делување.

„Состојбата може да се подобри.Тоа е до народот. Народот ако се подобри со културата, ќе се подобри и Вардарот. И треба претријатијата јавни за отпад подобро да функционираат“, вели граѓанин.

„Народот да не фрла. Нема потреба да фрла во Вардар кога има контејнери. Плаќаме во општина, канти има како што гледате и тоа“, вели друг граѓанин. Друг жител предупреди: „Сега навечер смрди, ние бслиску сме овде. Мирис лош, па све што е канализација, перат коли, улиња пуштаат,не знам што, све е загадено. Порано од Вардар вода смо пиеле ние“.

За да ја спречи оваа појава, општината на неколку места постави и видео-камери со цел да се открие фрлањето смет.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи