Почетна
Спорт

Партизан убедливо поразен од Веспрем — 26:37

Партизан загуби со 26:37 во салата „Александар Николиќ“ во натпревар од 3.коло во ЛШ.

·Спорт
Партизан убедливо поразен од Веспрем — 26:37

07.10.2026 20:16 — Во салата „Александар Николиќ“ во Белград, во натпревар од 3.коло во ракометната Лига на шампиони, Партизан беше убедливо поразен од Веспрем со 26:37.

Ова е трет пораз во исто толку мечеви во групата А за составот на Раул Гонзалез. Гонзалез, некогашен селектор на Македонија и стратег на Вардар, со кој ја освои ЛШ во таа 2017 година, не успеа да ја спречи доминацијата на Унгарците.

Веспрем ја контролираше средбата

И покрај големата желба и борбеноста на домашните, Веспрем покажа дека е класа за себе и рутински дојде до победата, без да вложи некој посебен напор. Ова е трета победа за Веспрем во групата.

Кулеш со 6 голови беше најефикасен кај домашните, додека Мартиновиќ со исто толку голови беше најефикасен кај победничкиот состав, а Деска, Ремили и Мате запишаа по пет погодици.

Резултатот дополнително ја комплицира ситуацијата за Партизан во групата А, додека Веспрем останува во добра позиција по трите кола.

Текст: Zoran Gjorshoski

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи