Почетна
Свет

Пенг Лијуан гради подостапна слика за Кина на средбата со Меланија Трамп

Пенг Лијуан зборуваше на англиски со Меланија Трамп и се појави во модерна традиционална облека, додека дискусиите на кинеските мрежи останаа ограничени.

·Свет
Пенг Лијуан гради подостапна слика за Кина на средбата со Меланија Трамп

Пенг Лијуан привлече внимание за време на средбата со првата дама на САД, Меланија Трамп, откако разговараше на англиски јазик без преведувач и тивко запеа заедно со неа при настап на младински хор. Набљудувачите го забележаа нејзиниот гламурозен изглед во модерна верзија на традиционална кинеска облека.

Малку позната надвор од Кина, Пенг е сопруга на кинескиот претседател Шји Џинпинг и е станата видлив инструмент на мекото јавно лице на Пекинг.

Во дипломатските средини често ја опишуваат како „супероружје“ на меката моќ на Шји — личност која може да проектира понежна, подостапна слика на Кина и покрај споровите со САД околу трговија и Тајван.

Аналитичар: личните моменти ги омекнуваат односите

„Таа помага да се стави почовечко лице на она што инаку може да биде прилично тврдоглава дипломатија и да се генерираат моменти на добро расположение во односите помеѓу САД и Кина“, рече Џо Мазур, геополитички аналитичар во консултантската куќа „Тривиум Чајна“ со седиште во Пекинг.

Истовремено, дискусиите на кинеските социјални мрежи за нејзините активности и модни избори за време на патувањето во САД остануваат многу ограничени, што укажува на контролираната средина во која се менаџира нејзината јавна улога.

Нјзините појавувања во САД ја истакнуваат намерната употреба на личноста и церемонијата во дипломатијата: мали, внимателно режирани моменти кои имаат за цел да ги омекнат пошироките политички трвења без суштинска промена на основните политички разлики.

Фото: АП)

Поврзани написи