Перо Антиќ: „Жалам што во АБА1 нема македонски клубови, но таа е реалноста!“
Троен освојувач на Евролигата Перо Антиќ ја поздрави еволуцијата на АБА лигата и ја истакна својата жал по неосвоената АБА титула.

Перо Антиќ, поранешен кошаркар кој во кариерата освои три пехари од Евролигата — двапати со Олимпијакос и еднаш со Фенербахче, се осврна на АБА лигата по повод нејзиниот 25-годишен јубилеј.
Антиќ зборуваше за напредокот на натпреварувањето и за зголемениот квалитет на организацијата во последните години. „Па, уште 25 да посакам. Едноставно, почнав во 2001 година,кога лихата имаше четири години. Значи, можете да видите од квалитетот, од организацијата, дека секоја година е сè подобро и подобро. И сигурен сум дека така ќе продолжи. Жалам што нема македонски клубови во АБА 1, но тоа е тоа, вистинската слика и ќе почекаме подобри времиња“, рече Перо Антиќ за медиумите во Србија.
Жалење за титула и спомени од минатото
Антиќ откри дека едно од неговите професионални жалења е што никогаш не ја освои АБА лигата, иако во кариерата има многу други трофеи. Тој го наведе финалето од 2018 година против Будуќност како моментот што му избега.
„Искрено, порано ми беше подобро. Единствено жалам што не ја освоив АБА лигата. Освоив многу трофеи, Евролигата и други, но АБА лигата ме пропушти во 2018 година против Будуќност, па тоа е единственото нешто. Но, беше чест да играм. Бидејќи во мое време, во 2005 година, последната година од 2007 година, знаете и како играа сите играчи. Немаше финансии, навистина игравме за нашите клубови, за срцето, за душата.“
За европските првенства, Антиќ ги издвои шпанското и грчкото како најсилни, а АБА ја смести меѓу првите четири лиги на континентот. Тој изрази очекување дека сезоната во Евролигата ќе биде интересна и посочи неколку фаворити.
Покрај тоа, тој имаше пофални зборови за тренерот Душан Алимпијевиќ, кој се враќа во Евролигата со Бешикташ и кој во сезоната 2017/18 беше тренер на Звезда, тим за кој Антиќ играше. „Знаев дека ќе биде одличен тренер. Покажа квалитет одамна. Бев четири години постар од него, но знаете кој е шефот. Тој е шефот – јас сум играч. Ова е само средината, тој ќе оди уште подалеку. Му посакувам многу среќа. Тој ми е пријател, мој брат, постојано разговараме иако повеќе не ми е тренер“, рече Перо Антиќ.
Фото: прес-материјал од настанот


