Почетна
Свет

Перу воведе ограничување: над 80 години нема право на обновување на возачка

Врховниот декрет бр. 007-2016-MTC воведува забрана за обновување над 80 и заострени прегледи за возачи од 70 до 80 години.

·Свет
Перу воведе ограничување: над 80 години нема право на обновување на возачка

Перу стана првата земја во светот што воведе фиксна старосна граница за обновување на возачките дозволи: според новата регулатива, лицата над 80 години нема да можат да ја обновуваат дозволата за управување со моторно возило.

Промената е донесена со Врховниот декрет бр. 007-2016-MTC и предизвика жестоки реакции бидејќи директно ги засега постарите граѓани. Во образложението се наведува дека мерката има за цел да го зголеми нивото на безбедност во сообраќајот, земајќи ги предвид психофизичките промени што се јавуваат со стареењето.

Потешки услови за возачите на возраст од 70 до 80 години

За возачите меѓу 70 и 80 години правилата се заострени: роковите за валидност на дозволата се скратуваат, а тие ќе мора да поминат подетални здравствени прегледи. Новите правила прават јасна разлика помеѓу професионалните и непрофесионалните возачки дозволи и за сите од оваа група предвидуваат сеопфатни медицински проверки.

Обврските за испитување вклучуваат тестови за вид, слух, мерење на крвен притисок и проценка на когнитивните функции, со цел да се идентификуваат состојби кои би можеле да го зголемат ризикот од сообраќајни несреќи.

Перуанските власти ја правдаат мерката како неопходен чекор со оглед на демографските трендови и се поголемиот број постари учесници во сообраќајот, додека дел од јавноста ја сметаат одлуката за радикална и дискриминаторска.

Слични дебати се воделе и во Европската Унија, но идејата за фиксна старосна граница за возење до сега беше отфрлена во ЕУ со образложение дека ваква мерка би претставувала прекумерно ограничување на основните права и слободи на граѓаните.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи