Почетна
Спорт

Пет ракометни легенди на Првиот Женски ракометен форум во Охрид

Ракометната федерација на Македонија ги повикува легендите и младите играчи да разговараат за растот и предизвиците на женскиот ракомет.

·Спорт
Пет ракометни легенди на Првиот Женски ракометен форум во Охрид

Ракометната федерација на Македонија на 26 септември 2026 година ќе го организира Првиот Женски ракометен форум во Охрид, со цел да се отвори простор за разговор за иднината на женскиот ракомет.

Настанот е дел од Меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“ и ќе се реализира со поддршка од проектот „Женски Спортски Приказни“, посветен на промоција на жените во спортот во наредните две недели.

Под мотото „Една игра. Еден глас. Една иднина.“, на форумот ќе настапат Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ. Тие ќе ги споделат своите лични и професионални приказни: од првите чекори во ракометот до најголемите натпревари и освоените медали. Ќе говорaт отворено за подемите и падовите, за поддршката што ја имале, но и за предрасудите со кои се соочувале, за можностите што ги нуди балканската ракометна сцена и за промените што се потребни за женскиот ракомет да продолжи да расте.

Посебен акцент ќе се стави на истрајноста, лидерството и животот во ракометот по завршувањето на играчката кариера — теми важни не само за врвните спортистки, туку и за идните генерации.

На едно место ќе бидат легендите, актуелните репрезентативки на Македонија, младите ракометарки од домашната сцена, како и тренери, спортски работници и луѓе кои секојдневно учествуваат во создавањето на идните генерации.

Детали за форумот

Датум: 26.09.2026
Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“, Охрид
Време: 11:00 – 13:30
Панелистки: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ
Модератор: Јана Серафимова
Организатор: Ракометна федерација на Македонија

Ракометната федерација го оценува форумот како чекор во создавање простор каде што искуството ќе се споделува, важните прашања ќе се отвораат гласно, а идеите за подобра иднина на женскиот ракомет ќе добијат свое место.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи