Почетна
Спорт

Пет ракометни легенди со силни пораки од Охрид: потпишана декларација за женскиот ракомет

Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ ги споделија искуствата и побараа поддршка за мајките-спортски.

·Спорт
Пет ракометни легенди со силни пораки од Охрид: потпишана декларација за женскиот ракомет

Денеска, на 26 септември 2026 година, во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид се одржа првиот женски ракометен форум организиран од Ракометната федерација на Македонија. Форумот, под мотото „One game. One voice. One future.“, имаше цел да ја зголеми развојната поддршка, видливоста и условите за женскиот ракомет.

На дебатата настапија пет големи имиња: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ, кои ги раскажаа своите професионални патишта — од првите чекори до најважните натпревари и освоените пехари. На настанот присуствуваа и екипи и делегации од сите четири земји учеснички на „Трофеј Македонија“ — Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска — како и млади ракометарки и локални клубови.

Патот, жртвите и поддршката

Панелистките разговараа на пет теми: „Мојот пат“, „Цената на успехот“, „Животот надвор од теренот“, „Балканот и женскиот ракомет“ и „Поголема видливост на женскиот ракомет“. Андреа Лекиќ порача: „Знаеме сите колку е важно да зборуваме за женскиот ракомет, затоа голема благодарност до Ракометната Федерација на Македонија за поканата. Сметам дека секоја спортистка треба да ја водат љубов и дисциплина. Мотивацијата не е константна, држете дисциплина..

„Повредата на ахилова тетива за мене беше најтешкиот период, тогаш мислев декаа трчањето ќе биде невозможно за мене. Но оваа ситуација ме натера повторно да учам за себе, од опоравувањето до моментот кога се вратив на терените. Нашиот спорт има подеми и падови, опкружете со позитивни луѓе од пријатели до тренери. Мислам дека човекот не треба да биде сам, туку со луѓе на кои им веруваат за тешките моменти. Бев многу дисциплинирана, да не беше тоа немаше да успеам, љубовта кон спортот беше главна водилка.

„Критичарите доаѓаат и поминуваат. Патот од почетокот до крајот на вашата кариера е најважниот медал, ќе сретнете голем број пријатели“, порача Лекиќ. Панелот отвори и проблеми поврзани со менаџирањето на семејниот живот и мајчинството — дел од спортистките и натаму се соочуваат со клаузули во договорите или раскинувања кога сакаат да станат мајки.

Драгана Цвијиќ се осврна на коментарите од социјалните мрежи и публиката: „Кога бев млада коментирите ми паѓаа коментарите, но ние во Србија имаме нешто што се вика инает. Најтешко е да ја преспиеш таа ноќ после коментарите, додека дојде следниот меч. Во спортот е океј да загубиш, најважно е да го дадеше максимумот…кога сама си свесна дека си сторил се, коментарите немаат веќе значење“. Таа додаде: „Ќе те осудуваат ќе те чекаат на грешка, но не треба да се откажувате…борби, падови и подеми“.

Индира Кастратовиќ ги охрабри родителите да не ги откажуваат децата поради доцно започнување: „Покасно почнав со ркаомет, имав 16 години, никогаш не е доцна… бидејќи сум од Босна, во моетот семество никој не се занимаваше со ракомет, она што би сакала тогаш е да советуваа моите родители…Во денешно време најчеста пракса се критиките, што е сосема погрешно… родителите треба да ги поддржуваат. Децата треба да се фокусираат на тренерите, а родителите да бидат поддршка“, рече Кастратовиќ. Лидија Хорват истакна дека напредокот бара посветеност и жртва: „Постоеше момент кога ќе сфатиш стагнираш, мораш да одлучиш дали ќе останеш на тоа ниво и да го дадеш максимумот за да продолжиш напред. Без работа нема ништо. Жртвуваш прослави, семејни собири, летувања, секогаш постои некоја жрвта, најважно е да имаш семејство кое ќе те разбере и ќе те поддржи. Ако ги немаш вистинските луѓе ќе се чувствуваш сам, но ракометот е убава приказна. Да се родам повторно, пак ќе го одберам овој спорт“.

На крајот на Форумот петте панелистки потпишаа декларација што го означува почетокот на заедничка иницијатива за поврзување на женската ракометна заедница во Македонија и регионот и за создавање подобри услови за идните генерации. Сите присутни имаа можност да се фотографираат со своите идоли и да поразговараат со нив одблиску.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи