Почетна
Македонија

Платформа против сиромаштија: 38% од децата живеат во ризични услови, Владата да воведе универзален детски додаток

МППС соопшти дека речиси 22% од граѓаните се под линијата на сиромаштија и ја повика владата да обезбеди универзална поддршка за децата.

·Македонија
Платформа против сиромаштија: 38% од децата живеат во ризични услови, Владата да воведе универзален детски додаток

Во чест на 17 Октомври, Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, Македонската платформа против сиромаштија (МППС) предупреди дека речиси 22 отсто од граѓаните во земјата живеат под линијата на сиромаштија и побара од владата воведување универзален детски додаток.

Според податоците на МППС, 29,5 отсто од децата во Северна Македонија живеат во сиромаштија по приход, додека 38 отсто се во состојба на повеќедимензионална сиромаштија — состојба што ги загрозува здравјето, учењето, безбедноста и развојот на самото дете.

МППС ги истакнува и разликите во опфатот со помош: само 19 отсто од домаќинствата со деца добиваат детски и семејни додатоци, наспроти 88 отсто просек во Европската Унија.

Платформата предлага универзален модел

На 17 Октомври, платформата посочи дека воведувањето на универзален детски додаток ќе го зацврсти системот на социјална заштита, ќе ги намали исклучувањето и ќе ги адресира повеќекратните ризици идентификувани во нивната анализа.

МППС повика на конкретни мерки од Владата на Република Северна Македонија за проширување на опфатот и поедноставување на пристапот до правата, со цел поддршката да стигне до децата кои сега живеат во ризични услови за нивното здравје и развој.

Фото: К. Попов)

Поврзани написи