ПМФЛ: Џенгис Реџепи ќе дебитира, Шкендија (А) го пречекува Брегалница
15. коло во ПМФЛ: Брегалница доаѓа со нов тренер, мечот започнува во 12:00 на стадионот Чаир.

Со натпреварот помеѓу Шкендија (Арачиново) и Брегалница (Штип) денеска, 27 ноември 2026 година, со почеток во 12:00 часот на стадионот Чаир во Скопје, ќе започне 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.
За гостите од Штип натпреварот е особено значаен бидејќи на клупата ќе дебитира новиот тренер Џенгис Реџепи, кој пред три дена беше именуван за шеф на стручниот штаб. Од него се очекува солиден настап и освојување бод(ови) на Чаир.
Пласман и форма
Брегалница се наоѓа на -4 бода во однос на Шкендија Арачиново, но има иста бројка бодови како Башкими, кој моментално е на осмата позиција која води во бараж. Победата за гостите би ги вратиле во борба за подобар пласман.
Шкендија Арачиново по домашниот пораз од Башкими во претходното коло си ја влоши ситуацијата. Тимот претходно имаше серија добри резултати и победи, но сега треба да најде начин да се врати на победничкиот пат.
За главен судија на средбата е определен Стојанче Трпчевски.
Претходно Гаштаров рече: "Голот му го посветувам на моето семејство".
Фото: прес-материјал од настанот


