ПМФЛ: Тиквеш против Брегалница, Силекс чека на победа точно два месеци
Тиквеш фаворит во Кавадарци, Силекс под притисок по пет кола без триумф.

По тринедела пауза поради настапите на нашите репрезентации, денеска се играат два натпревари од 9. коло на ПМФЛ. Со овие средби завршува првиот круг — односно првата 1/4 од тековната сезона.
Во Кавадарци, со почеток во 12 часот, Тиквеш го пречекува Брегалница. Кавадарчани се јасни фаворити: имаат поквалитетен состав и амбиции за настапи во Европа, па се освен нивна победа би било големо изненадување. Сепак, тринеделената пауза може да остави последици врз екипата на стратегот Оливер Богатинов.
Силекс под притисок
Во Гостивар, од 13 часот, Арсими ќе ја пречекаат екипата на Силекс. Во други околности гостите под водство на Александар Васоски не би требало да имаат проблем со овој дуел, иако и Арсими има свои квалитети. Меѓутоа, Силекс не знае за победа точно два месеца.
Последен пат кратовци победија на 15 август кога во меч од 3. коло дома славеа со Скопје 3:0. Оттогаш минаа пет кола а Силекс имаше три порази и две ремија. Освои само два бода од можни 15, што е многу за клуб со амбиции како Силекс.
Токму поради тоа притисокот е на страна на гостите, додека домашната екипа на Арсими во својот терен може да биде опасна. Во секој случај, натпреварите ќе бидат интересни.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 9. КОЛО
- Кавадарци: Тиквеш – Брегалница (12 ч)
- Гостивар: Арсими – Силекс (13 ч)
ТАБЕЛА: Шкендија (Т) 19, Струга ТЛ 17, Вардар 14, Тиквеш 13, Шкендија (А) 13, Брегалница 10, Силекс 9, Арсими 8, Башкими 4, Скопје 3.
Фото: прес-материјал од настанот


