Почетна
Свет

По расправија, влегол во автомобил и удрил во група луѓе во Кан — едно лице загина, десетмина се повредени

По расправија во бар во Кан, 26-годишник со автомобил удрил во група луѓе; едно лице загина, десет се повредени.

·Свет
По расправија, влегол во автомобил и удрил во група луѓе во Кан — едно лице загина, десетмина се повредени

Најмалку едно лице загина, а десет се повредени откако 26-годишник со своето возило намерно влетал во група луѓе во близина на железничката станица во францускиот град Кан.

Според првичните информации, на инцидентот му претходела расправија во бар. Во препирката бил вклучен и осомничениот, кој потоа влегол во своето возило и удрил во групата луѓе. По нападот, тој побегнал со автомобил, но наскоро бил уапсен во Уистрем, на околу 20 километри од местото на настанот.

Седуммина критично, тројца во стабилна, но сериозна состојба

Од повредените, седум се во критична состојба, додека тројца се во стабилна, но сериозна состојба. Повредените се згрижени во Универзитетската болница во Кан и во други здравствени установи во регионот.

Заменик-градоначалникот на Кан, Бруно Кутансес, изјави дека сите повредени се мажи; најмладиот имал 17 години, а најстариот околу 40 години. Осомничениот, роден во Русија и на возраст од 26 години, е во притвор. Полицијата соопшти дека лицето не ѝ било познато на разузнавачките служби и дека имало евидентирани само сообраќајни прекршоци.

За случајот е отворена истрага под сомнение за убиство, а истражителите работат на прибирање докази и сослушување сведоци за да утврдат мотивот и точниот тек на настаните.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи