По шест години во Америка, Хари и Меган се враќаат да живеат во Британија
Парот и децата се очекува да се преселат кон крајот на месецот во приватен имот надвор од Лондон; прашањето за обезбедувањето и нивниот приватен статус останува отворено.

По шест години во САД, принцот Хари и Меган Маркл планираат да се вратат да живеат во Велика Британија. Парот и нивните две деца — принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5) — според најавите ќе се преселат кон крајот на овој месец во приватен имот кој не е во кралската сопственост.
Се тврди дека имотот се наоѓа надвор од Лондон, а децата веќе се запишани да тргнат на училиште во септември. Семејството ќе ги задржи и своите домови во Монтесито, Калифорнија, како и имотот во Португалија, каде што престојуваа дел од летото. Кралот Чарлс бил информиран за планираната преселба минатата недела, откако Сасексите се сретнаа со него во Хајгроув, Глостершир, минатиот месец.
Статусот и проблемот со безбедноста остануваат
Кралот ја поздравил можноста да поминува повеќе време со семејството, но нема да има промена во нивниот статус — откако се откажаа од официјалните кралски обврски, тие остануваат приватни лица. Информирани се и принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт.
Прашањето за обезбедувањето на војводата и војвотката од Сасекс останува нејасно. Долготрајниот спор околу нивната безбедност беше наведена како причина зошто принцот Хари минатиот месец не ги донесе Меган и децата на настаните во Лондон. По изгубената судска битка за неговата безбедност во мај 2025 година, војводата изјави: "Не гледам причина за која би ги вратил мојата сопруга и децата во Обединетото Кралство во овој момент".
Во интервју за Би-би-си по пресудата, Хари додаде дека "би сакал помирување" со семејството и рече: "Имаше толку многу несогласувања меѓу мене и дел од моето семејство." Тој исто така рече: "Би сакал да се смирам со моето семејство. Нема смисла повеќе да се караме, животот е скапоцен." На прашањето дали побарал од кралот да интервенира во спорот за безбедноста, тој одговори: "Никогаш не побарав од него да интервенира, побарав од него да се тргнат настрана и да ги остави експертите да си ја завршат работата".
Минатиот месец војводата и уште шест други тужители го изгубија случајот за приватност против издавачите на Daily Mail во Лондон. Тужителите, меѓу кои беа Дорин Лоренс и Елтон Џон, ги тужeа Associated Newspapers Ltd за наводно нелегално собирање информации, но нивните барања беа отфрлени од судијата Никлин.
Во комерцијална смисла, војводата и војвотката од Сасекс минатата година потпишаа нов повеќегодишен договор со Netflix, по извештаи дека слабата гледаност можела да ја загрози обновата на нивниот договор. Тие првично потпишаа петгодишен договор во 2020 година вреден околу 100 милиони долари (78 милиони фунти), што резултираше со неколку проекти, вклучувајќи ја и лајфстајл серијата на Меган "With Love, Meghan". Договорот од 20 милиони долари со Spotify за подкасти заврши по само 12 епизоди.
Извори велат дека средбата меѓу Сасексите и кралот Чарлс не поминала баш пријатно. За сега, преселбата изгледа како обид да се балансира повеќе време во Обединетото Кралство со продолжување на врските со Калифорнија и Португалија, додека нерешените прашања околу безбедноста ќе влијаат на тоа дали двојката ќе побара формална заштита во иднина.
Фото: Justin Goff / Goff Photos / Profimedia