По турбулентна недела Тиквеш го пречекува Струга, Бутел без Стоилов
По оставката на Кристијан Грчевски, Тиквеш сака победа против Струга; Бутел ќе биде без Стојанче Стоилов.

Продолжуваат натпреварите од 12. коло во Супер-лигата, а еден од натпреварите што привлекува внимание ќе се одигра вечерва во салата „Јасмин“ во Кавадарци, каде што ГРК Тиквеш ќе гостува со екипата на Струга.
Минатата недела донесе турбуленции во таборот на Тиквеш – Кристијан Грчевски си поднесе оставка, а клубот до денеска не соопштил кој ќе ја преземе тренерската обязаност или дали ќе остане досегашниот стручњак.
Тиквеш е на петтото место на табелата и во тимот очекуваат дека победата ќе им ги врати самодовербата и ќе ја зацврсти амбицијата за пласман во плејофот.
„Пред нас е првиот натпревар од вториот круг на првенството против екипата на Струга. Во првиот меѓусебен дуел успеавме да победиме на нивниот терен, пред нивните навивачи, и сигурен сум дека овојпат ќе направат сè за да ни се реваншираат. Струга е квалитетна и искусна екипа, со јасни амбиции за пласман во плејофот. Покажаа дека можат да победуваат и на тешки гостувања, па затоа сме свесни за предизвикот што нè очекува. Сепак, ние добро се подготвувавме за овој натпревар. Веруваме во нашата работа, во нашите квалитети и во планот што го имаме. Мотивацијата во екипата е огромна, бидејќи знаеме дека победата ќе нè доближи уште еден чекор до нашата цел – пласман во плејофот. Би сакал да ги поканам сите наши навивачи, а особено верните Лозари, да бидат со нас во недела и да нè поддржуваат до последната минута. Нивната енергија од трибините ни дава дополнителна сила на теренот. Можам да ветам максимална борбеност, посветеност и силен настап. Ќе направиме сè што е во наша моќ за заедно да се радуваме на нова победа“, изјави Азис Бен Махфуд.
Неделната програма ќе ја отвори дуелот Младост 1977 – Бутел Скопје (17:30), а гостите од Скопје ќе настапат без својот прв тренер Стојанче Стоилов, кој во минатото коло доби црвен картон.
Суперлига – 12. коло
- 17:30 часот: Младост 1977 – Бутел Скопје
- 18:00 часот: Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961
- 18:00 часот: Куманово – Прилеп
- 18:00 часот: Тиквеш – Струга
Фото: прес-материјал од настанот


