Почетна
Македонија

Почна големата реконструкција: студентските домови стануваат енергетски ефикасни

ЕУ и KfW финансираат темелна санација и обновливи извори за да се преполоват сметките за струја.

·Македонија
Почна големата реконструкција: студентските домови стануваат енергетски ефикасни

Денеска почна големата реконструкција на студентските домови во земјава: проект вреден над 80 милиони евра, финансиран од Европската Унија, германската развојна банка KfW и Министерството за образование и наука.

Од вкупниот пакет, околу 60 милиони евра се обезбедени како заем, додека 21 милион евра се директна грант‑поддршка од ЕУ. Во рамките на интервенциите е предвидена темелна санација на објектите, поставување обновливи извори на енергија и мерки што треба да ги преполоват трошоците за струја.

Прва фаза: енергетска санација

„Ја имаме целта за намалување на потрошувачката на енергија, но истовремено да ги намалиме и емисиите на јаглерод диоксид, кои и нанесуваат штета на климата. Владата има избор, да работи со студентските домови во Северна Македонија и во Охрид како и досега или да инвестира, практично со истата цена и трошоци и да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, со што ќе се подобрат и условите за живеење во овие домови,“ порачаа Дамјан Стојковски од Министерството за образование и наука (единица за спроведување на проектот) и Стефано Елеро раководител на сектор за соработка (Делегација на ЕУ во Македонија).

Според надлежните, паметниот модел на финансирање што ги комбинира бесповратните грантови од ЕУ со поволни кредити значи дека државата нема да мора да издвојува дополнителни пари од буџетот. Планираното намалување на потрошувачката на енергија од дури 50 проценти ќе донесе заштеди кои директно ќе придонесат за враќање на заемот.

„На овој начин, додека ја подржуваме Северна Македонија во напредокот двете најважни политички агенди на земјата, пристапувањето кон ЕУ и зелената транзиција, остваруваме конкретни и видливи резултати. Имаме подобри услови за живеење за студентите, енергетски поефикасни јавни објекти, помало трошење на енергија и почиста животна средина,“ истакна Оливер Јунгер, портфолио менаџер (развојна банка KfW Франкфурт).

Во меѓувреме, привршува реконструкцијата и модернизацијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, изграден во средината на 1950‑тите. Во објектот се вградуваат висококвалитетни изолациски материјали и енергетски ефикасни прозорци со ниска емисиона проводливост; додека домот е затворен за работи, тој ќе се користи како хостел за странски студенти.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи