Почетна
Македонија

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција по повреда на рбетниот мозок, лекари повикуваат на претпазливост при скокови

Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски, вели дека пациентот е стабилен и наскоро ќе продолжи со интензивна рехабилитација.

·Македонија
Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција по повреда на рбетниот мозок, лекари повикуваат на претпазливост при скокови

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски.

Тој е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе почнал да прима храна по природен пат; во единицата за интензивно лекување е обезбедена физикална терапија како дел од раната рехабилитација.

"Пациентот е во добра состојба. Виталните параметри се стабилни. Вчера имаше покачена температура, но сите направени тестови се негативни на инфекција и најверојатно станува збор за реакција на транспортот и претходната операција. Од денес тој почна да се храни на уста и имаме подобрување на општата состојба" - информираше директорот на ТОАРИЛУЦ.

План за префрлување и рехабилитација

Од клиниката велат дека во текот на следната недела пациентот се очекува да биде префрлен на Одделот за трауматологија, каде ќе продолжи интензивната рехабилитација, по што ќе следува пренесување во специјализиран центар за натамошно закрепнување.

На прашање дали ова лето се регистрирани случаи на тешки повреди при скокови во плитка вода, Мерџановски одговори дека Клиниката годинава нема примено такви пациенти, освен момчето кое се повредило во Турција, и потенцираше дека превентивните кампањи за безбедно однесување треба да продолжат.

"Не треба да се скока во базени и во непроверени води. Ако тоа се прави, треба да биде во контролирани услови и под стручен надзор" - потенцира Мерџановски и упати апел до родителите и младите за повнимателно однесување.

Лекарите укажуваат дека ваквите несреќи најчесто ги зафаќаат вратните пршлени и рбетниот мозок и спаѓаат меѓу најтешките трауматолошки повреди; во најголем број случаи тие се иреверзибилни и оставаат траен инвалидитет.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи