Поларен бран од Арктикот може да донесе под -10°C во третата декада од октомври, предупредува Славчо Попоски
ECMWF укажува на продор на арктички воздух во третата декада од октомври што може да донесе многу ниски температури и локални снежни врнежи.

Објавено: 14 октомври 2026, 06:30
Со најновите ажурирања на метеоролошкиот модел ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза) се навестува продор на поларен бран од Арктикот низ голем дел од Балканот и низ Македонија во текот на третата декада од октомври, што може да донесе многу ниски температури на воздухот — и под -10°C, објави метеорологот Славчо Попоски.
ECMWF: продор од арктички воздух
Анализата заснована на последните бројни симулации покажува циркулациска шема што ќе овозможи продор на студен арктички воздух над голем дел од полустровот во последните десет дена од октомври.
" Што се однесува до врнежите, се цртаат послаби локални врнежи од снег ширум Балканскиот Полуостров во погоре споменатиот период.
Да напоменам дека станува збор за многу неофицијална метео анализа и дека со новите ажурирања на овој метеоролошки модел секако ќе има понатамошни промени околу ова сценарио, но за кави промени ќе станува збор ќе дознаете токму во следните мои метео објави. Со ова сакам да кажам, дека оваа најава во никој случај не треба да се сфати сериозно и здраво за готово, туку ова е само многу неофицијална метеоролошка најава", објави тој.
Попоски дополнително истакна дека ова е привремена и неофицијална анализа и дека деталите ќе се прецизираат со следните изданија на моделот. Граѓаните и одговорните служби се повикуваат да ја следат официјалната комуникација во случај ситуацијата да се влоши и да се издадат предупредувања.
Фото: прес-материјал од настанот


