Почетна
Македонија

Полиција изврши претреси во истрага за злоупотреби при регистрација на возила

Во акција извршена синоќа се извршени претреси и има информации за приведени; штетата е проценета на над 13 милиони денари.

·Македонија
Полиција изврши претреси во истрага за злоупотреби при регистрација на возила

Полицијата изврши претреси синоќа во Скопје во рамки на истрага за наводен финансиски криминал поврзан со наплатата на надоместоци при регистрација на возила, а има информации дека неколку лица биле приведени.

Акцијата ја реализираа припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбeнoст (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, а од МВР најавија дека повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

Сомнежи за лажирани извештаи и пренасочување средства

Според неофицијални информации од истрагата, се проверуваат сомневања дека при наплатата на надоместоци за регистрација на возила биле користени лажирани извештаи и уплатници преку кои пари биле прикривани или пренасочувани.

Во случајот, како што наведуваат изворите, се опфатени физички и правни лица — компании, а меѓу осомничените наводно има и вработени во државни институции и претпријатија. Едно од лицата, според истите информации, е вработено во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Истражните органи, како што е објавено, ја забрзале реализацијата на случајот откако еден од главните осомничени наводно се обидел да ја напушти државата. Првичната проценка на финансиската штета изнесува над 13 милиони денари, односно околу 212 000 евра.

Фото: МВР

Поврзани написи