Полиција приведе двајца во Скопје за нелегално поседување оружје
Пиштоли пронајдени во два одделни случаи — во еден од случаите полицијата дејствувала по пријава за закани со огнено оружје.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – СВР Скопје привеле двајца жители на главниот град во два одделни случаи поради нелегално поседување оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во едниот случај полицијата дејствувала по пријава за упатени закани со огнено оружје.
Како што известуваат од МВР, вчера во 16:30 часот екипи на Единицата за интервентна полиција во угостителски објект на улицата „Финска“ го лишиле од слобода Е.О.(37) од Скопје поради сомнение за кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
„При преглед кај него бил пронајден и одземен пиштол", велат од МВР.
Прегледи и на возило поврзано со вториот случај
Во вториот случај, на подрачјето на општина Центар полициски службеници го лишиле од слобода 64-годишниот З.И. откако било пријавено дека упатувал закани со огнено оружје кон друго лице. При проверките на терен биле пронајдени и одземени пиштол и рамка со куршуми.
При преглед на патничко возило „Форд“ поврзано со настанот, биле пронајдени и одземени уште една рамка за пиштол и дополнителни куршуми.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Фото: Фејсбук-профил на МВР


