Полицијата го идентификува возачот што возеше по велосипедска патека на Бутелска
Четириесет и шестгодишен скопјанец со иницијали Н.К. повикан на службен разговор по објавата на видеото.

Објавено: 28 октомври 2026
Полицијата го идентификува возачот кој беше снимен додека управуваше возило по велосипедската патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје.
Според соопштението, се работи за 46-годишен скопјанец, наведени со иницијали Н.К., кој денеска е повикан на службен разговор откако на социјалната мрежа ТикТок беше објавено видео од инцидентот.
Полициско соопштение
“ По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот“, информираше полицијата.
Видео-снимката која се прошири на ТикТок јасно прикажува како „сузуки“ се движи по велосипедската патека покрај ул. „Бутелска“ во насока од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“.
Полицијата во соопштението не наведе дополнителни информации за евентуални казнени мерки, туку само потврди дека лицето е повикано на разговор истиот ден кога беше објавено видеото.
Фото: прес-материјал од настанот


