Почетна
Македонија

Полицијата: Пожарот во Мариово покажува знаци на подметнување, најавени кривични пријави

Полицијата вели дека располага со материјални и видеодокази и најавува кривични пријави; пожарот во Мариово останува најголемата активна огнена линија во земјата.

·Македонија
Полицијата: Пожарот во Мариово покажува знаци на подметнување, најавени кривични пријави

Полицијата од Прилеп соопшти дека има материјални докази и видеоснимки кои укажуваат дека големиот пожар што ја зафати мариовската населба Чаниште е подметнат и дека се подготвуваат кривични пријави за сторителите.

Веста беше соопштена на вонредна седница на Советот на Општина Прилеп, свикана по барање на опозицијата и одржана околу полноќ. „Имаме индиции за можни сторители, обезбедени се материјални докази и видео снимки со помош на граничната полиција и очекуваме во на ј брз можен рок да излеземе со конкретни информации и со кривична пријава“, рече Горан Колонџоски, командир на Полициската станица Прилеп.

Советниците го критикуваа начинот на организирање на гасењето, наведувајќи дека на терен недостасувале вода, храна и место за одмор за учесниците, како и дека не постоела координативна шема за граѓаните кои доброволно помогнале во гаснењето. Градоначалникот Дејан Продановски информираше дека општината располага со материјално-технички и човечки капацитети и додаде дека, и покрај обемот на пожарот во Чаниште, за среќа нема човечки жртви.

Најголем активен пожар во земјата

Според Центарот за управување со кризи, до 13 часот низ земјата се регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати. Најголем и најефикасен останува пожарот во Мариово, кој се шири во четири правци и зафаќа територија на три општини – Прилеп, Новаци и Могила.

„Во суштина го успоруваме, терен о т е специфичен, има густа сува трева висока до половина, грмушки лесно запаливи. Нашата цел е одбрана на селата и тоа засега успешно го правиме, вели Стојанче Ангелов директор на ДЗС .”

Од ЦУК информираа и дека системот за рана детекција со смарт-камера навремено го открил пожарот кај селото Никуштак во општина Липково, по што веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми.

Автор: Емилија Мисирлиевски

Фото: dzs / Facebook

Поврзани написи