Почетна
Македонија

Полициска акција во Куманово: претреси кај домови, нотар и менувачница

Голема акција на МВР за расчитување на група осомничена за изнуда, лихварство, перење пари и закани.

·Македонија
Полициска акција во Куманово: претреси кај домови, нотар и менувачница

Засилено полициско присуство и претреси на повеќе локации утрово во Куманово се дел од голема акција на Министерството за внатрешни работи насочена кон расветлување и разобличување на осомничена организирана криминална група.

Според непотврдени информации, групата подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.

За организатор на групата се сомничи лице со прекар "Штука", а меѓу осомничените има и други лица кои се познати на кумановската криминална сцена. Покрај објектите поврзани со осомничените, во рамки на акцијата биле проверени и нотарска канцеларија и менувачница поради можното нивно поврзување со истрагата.

Што е пронајдено и кој ја спроведува акцијата

При досегашните претреси биле пронајдени пари, возила и документација. Акцијата, која следува по подолготрајна истражна постапка, ја спроведува Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Проверките и преземањето на собраниот доказен материјал продолжуваат на повеќе локации во градот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи