Португалија ги забрани бурките на јавни места – глоби од 150 до 3.000 евра
Парламентот усвои закон што го забранува покривањето на лицето на јавни места — казни од 150 до 3.000 евра, со низа исклучоци и правни реакции.

Португалија усвои закон со кој се забранува покривање на лицето на јавни места и со кој за прекршување се предвидени казни од 150 до 3.000 евра.
Мерката — која локалните медиуми ја нарекуваат „Законот за бурки“ — забранува носење облека што го покрива лицето или го оневозможува идентификувањето, а исто така забранува присилување на други да го прекриваат лицето врз основа на пол, вера, возраст или потекло.
Исклучоци и правни забелешки
Законот предвидува исклучоци за покривање на лицето од здравствена, професионална, уметничка и временска природа. Забраната не се однесува ниту на верски објекти, дипломатски претставништва и авиони.
Предлог‑законот беше изгласан во парламентот во јули со поддршка на владеачката десничарска коалиција и партиите на крајната десница, додека левичарските партии гласаа против. Текстот доби негативни мислења од Адвокатската комора на Португалија, Високиот совет на државното обвинителство и португалското здружение на праници; експертите изразија загриженост дека законодавството може да биде противуставно.
Во одбрана на мерката, португалскиот претседател изјави: “Лицата мора се се сметаат за централен елемент на човечкиот идсентитет и комуникација”.
Фото: прес-материјал од настанот