Почетна
Македонија

Поскапе меѓуградскиот автобуски превоз, месечни карти до 8.000 денари

Операторите ги зголемија цените од 1 септември; група граѓани покрена петиција за фер цени.

·Македонија
Поскапе меѓуградскиот автобуски превоз, месечни карти до 8.000 денари

Цените на меѓуградскиот автобуски превоз низ Македонија пораснаа значително — толку што една четвртина од минималната плата кај многу граѓани ќе треба да се одвојува за месечен билет. Операторите пријавуваат поскапувања и до 30% на речиси сите релации.

Конкретен пример е релацијата Тетово–Скопје, каде месечната карта се искачи од 5.000 на 6.500 денари. За релацијата Гостивар–Скопје месечните трошоци сега изнесуваат 8.000 денари. Слични зголемувања се забележани и на повеќе други меѓуградски линии низ земјата.

Најпогодени студентите и редовните патници

На најголем удар се студентите од внатрешноста на Македонија кои зависат од автобускиот превоз за дневни патувања. Министерството за образование и наука, и покрај вртоглавото зголемување на цените, засега не планира воведување бесплатно или субвенционирано превоз за студентите.

Група граѓани и редовни патници ја покренаа петицијата „За фер цени на меѓуградскиот превоз“ откако од 1 септември беа зголемени цените на месечните билети. Од иницијативата тврдат дека патниците не биле јасно и навремено информирани за новите цени, датумот на нивната примена и причините за поскапувањето.

Во петицијата се бара надлежните институции да објаснат врз основа на кои економски параметри ги формирале цените и кој ја контролира нивната оправданост, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и можност за ревизија на одлуките за цените.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи