Почетна
Свет

Потполковник на руската војска загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

Експлозијата во населбето Шушари ги уби сопственикот на автомобилот и сериозно ја повреди неговата сопруга; кривична истрага е отворена.

·Свет
Потполковник на руската војска загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

(Објавено во: Свет 27 Август, 2026 12:18)

Руски воен офицер со чин потполковник загина утрово во експлозија на автомобил во населбето Шушари во Санкт Петербург, додека неговата сопруга е тешко повредена и е пренесена во болница.

Експлозијата се случила околу 10 часот по локално време, во близина на супермаркетот на Колпинскиот автопат. Двојката била во возилото кога, според првичните информации, се активирала импровизирана експлозивна направа.

Потполковникот починал на местото на настанот; неговата сопруга добила тешки повреди и е згрижена во болница.

Рускиот Истражен комитет соопшти дека е отворена кривична истрага и официјално потврди дека едно лице загинало, а друго е повредено.

Засега нема податоци кој би можел да стои зад експлозијата, а од Украина нема коментар за инцидентот.

Фото:  themoscowtimes.com

Поврзани написи